Напиток за прочистување на токсините

Овој чудотворен напиток, ќе му помогне на вашиот организам да ги исфрли сите токсини, ќе го подигне вашиот имунитет, ќе го опорави дигестивниот тракт и ќе ве наполни со енергија.Најдоброто е што за овој сок се потребни само три состојки кои можете да ги набавите во најблиската продавница, а тоа се: лимон, ѓумбир и јаболки.

Овој пијалок  е збогатен со витамините A, B и C и го чисти организмот. Тој е како гориво кое ќе му помогне на вашето тело да работи беспрекорно во текот на целиот ден.

Подготовка:  Излупете еден лимон, четири јаболки и парче свеж ѓумбир од околу 5 cm. Сите состојки ставете ги во соковник и тоа е тоа. Слободно разредете го со вода бидејќи е многу силно. Нормално, ако вам ви одговара во таа форма конзумирајте го веднаш.

Наздравје здравје 🙂

- Реклама -