Бакнежот не е само обичен бакнеж

Според една  студија, бакнувањето им помага на луѓето да го најдат потенцијалниот партнер и кога се во врска да го задржат.   Студијата вклучила 900 возрасни испитаници кои што пополниле прашалник за важноста на бакнувањето кога се во кратка и во долга врска.

На жените во врска, бакнувањето им било поважно отколку на мажите.

Бакнувањето и од страна на жените и од страна на мажите било оценето како важно во оние случаи кога и двата пола имале перцепција дека се атрактивни или пак имале тенденција да остваруваат кратки врски.

Со бакнувањето им се овозможува на луѓето потсвесно да го одберат својот партнер преку вкусот и мирисот со што во игра влегуваат и биолошките фактори за компатибилност, спремност за врска или општо здравје.

Бакнувањето исто така игра важна улога во одржувањето на привлечноста и поврзаноста помеѓу двојката која што веќе е во врска.

- Реклама -