Справување со високиот крвен притисок

СПОДЕЛЕТЕ

Откако вчера објавивме неколку совети за низок, денеска оваа статија е наменета за оние кои пак, имаат висок крвен притисок.

Нормалната вредност на крвниот притисок, која не го оштетува организмот, во просек изнесува 120/80 (ммХг), додека за повишен се смета оној кој е повисок од 140/90 ммХг.

Ако крвниот притисок е превисок, тоа дополнително го оштетува срцето и крвните садови, а со текот на времето и другите органи во организмот.

Предизвикувачи на висок крвен притисок?

Кај повеќето луѓе не постои само една причина, но ризикот е поголем ако: не јадете овошје и зеленчук, јадете премногу сол, имате намалени активности, вишок килограми и конзумирање алкохол. Сепак, високиот крвен притисок се поврзува и со некои други болести како на пример бубрезите…

Причини кои влијаат на крвниот притисок

Возраст: Колку сте постари толку повеќе се таложат и последиците од нездравиот живот што доведува до повишен притисок.
Етничко потекло: луѓето од африканско-карипско и јужноазиско потекло се изложени на поголем ризик од висок крвен притисок отколку другите луѓе.
Семејно потекло: постои поголема веројатност од заболување ако и членовите од семејството го имале истиот проблем.

Симптоми

Најголемиот број луѓе кои имаат зголемен крвен притисок не се свесни за проблемот бидејќи немаат тегоби ниту симптоми. Повремено може да се јави болка и притисок во главата, црвенило на лицето поради ширење на крвните садови како и крварење од нос.
Понекогаш болниот се чувствува уморно и има слаба концентрација. Вознемиреноста, забрзаната работа на срцето или неправилната работа на срцето честопати се знак за повишен крвен притисок.

Здравиот начин на живот го намалува крвниот притисок

Ако ви е дијагностициран висок притисок, едно од решенијата се лековите кои ги препишува лекарот, а другото решение е да започнете да живеете здраво. Следните промени во исхраната и активностите може да влијаат на крвниот притисок.

1. Помалку сол

Намалете го конзумирањето на сол. Повеќето сол не е онаа со која ја солите храната, туку онаа која веќе ја има во готовата храна.

2. Повеќе зеленчук и овошје

Најмалку 5 оброка овошје и зеленчук дневно значително го намалуваат крвниот притисок. Еден оброк изнесува 80 г сушено, свежо или замрзнато овошје и зеленчук. Најдобри се кромидот, лукот и цвеклото.

3. Помалку алкохол

Алкохолот со тек на времето го зголемува крвниот притисок. Препорачаната вредност за мажите е 21 единица алкохол неделно, а 14 единици неделно за жените. Една единица е 300 мл пиво, мала чаша вино или чашка жесток пијалак.

4. Одржување на тежината

Ако е потребно да ослабнете, направете го тоа. Со намалување на телесната тежина го намалувате и крвниот притисок. Мали измени во исхраната може да направат голема разлика.

5. Движете се

30 минути умерено вежбање 5 пати неделно го одржува срцето здраво, а пртитисокот на нормално ниво. Идеална е било која активност од која ќе се испотите и лесно ќе се задишете.

6. Справување со стресот

Докажано е дека медитацијата значително го намалува високиот притисок. Ако верувате во алтернативна медицина, пробајте со акупунктура.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ