Да пукнеш од мака: Родителите им подариле 1.2 милиони неважечки динари

Брачен пар од Туропоље приреди сурово изненадување за своето семејство. 90-годишниот Стјепан Ивичинец и неговата 85-годишна сопруга Ката, им подариле на својот син и снаа околу 1.2 милиони стари југословенски динари (кои во ЈУ времето вределе околу 93.000 марки), без да знаат дека тие пари веќе не вредат.

Старите ги чувале парите во перница, за црни денови. Кога ги слушнале младите како разговараат дека не земале плата и по неколку месеци, Стјепан ја зел перницата и ја распарал, велејќи и на својата сопруга: „Гледаш, дојдоа црните денови за кои се плашевме и за кои штедевме. Гледаш дека е добро што ме послуша и што штедевме, наместо да ги трошиме како што ти сакаше?“

Синот и снаатa гледале со неверување и без здив, а Стјепан на тоа одговорил: „Што се чудите? Некогаш имавме и лесно се штедеше. Зарем не е доволно? Ако треба уште, ќе ги распарам и постелнините. Не плашете се, нема да бидеме гладни. Ќе имаме и за жетвата, и за да живееме“ – биле упорни штедливите родители, без да знаат дека причината за шокот не била сумата пари, туку тоа што се неважечки.

- Реклама -