Шумахер дава охрабрувачки знаци

Менаџерот на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер соопшти дека возначот дава знаци кои што се охрабрувачки.

Иако неговата фамилија цело време била уверена дека борецот ќе се разбуди од комата во која се наоѓа веќе 4 месеци, конечно постојат показатели дека тоа може да се случи.
Шумахер се повреди на скијање во Франција, а по лошите прогнози ова е првата добра вест за неговата состојба.

Странските медиуми овие денови ја пласираа приказната дека неговата жена се посветила на уредување на нивниот дом во Швајцарија, кој ќе ги поседува сите медицински помагала и услови кои што му се потребни на возачот да заздраве што побрзо.

Издржи Шумахер!

- Реклама -