Директно погледнете каде и колку хакерски напади се случуваат

Руската компанија Kaspersky, која се занимава со интернет безбедност, има развиено мапа која покажува сајбер напади во реално време, пресретнати од заштитен софтвер, пишува Motherboard.

Корисниците можат да го разгледаат светот со глувчето и да најдат информации за бројот и видот на нападите во различни држави.

Во  моментов најинфицирана држава е Русија со 760 000 напади.  САД е на четвртото место, по Индија и Виетнам, а Велика Британија е десетта.

Нашата држава се наоѓа на 146-тото место според мапата.

Картата е создадена, природно, за да ги претстави софтверските производи на Kaspersky, но сама по себе таа е атрактивна опција за да добиеме визуелна претстава за ужасната бројка  на нападите на глобално ниво.

Картата може да се види на линкот: cyberwar.kaspersky.com .

- Реклама -