Adidas го претстави чудото од фудбалска топка за Светското првенство во Бразил

Светското првенство во Бразил оваа година, ја доби и официјалната топка со која ќе се игра, Brazuca.

Adidas го претстави ова чудо од фудбалска топка неколку месеци пред почетокот на светското првенство кое има шест HD камери кои се вградени во неа со која ќе може да се снима 360 степени и со тоа гледачите ќе добијат далеку подобри глетки од секој шут.

Ианку, самата топка се состои од шест различни делови обоени со различна боја карактеристични за различни региони од Бразил.

Оваа фудбалска топка, како и победничкиот пехар претходно, ќе прошета низ неколку земји низ светот: Германија, Јапонија, Англија, Мексико, Русија, Шпанија и САД.

Погледнете го видеото подолу.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -