Ѓоковиќ го совлада Надал и го освои Мајами

СПОДЕЛЕТЕ

Новак Џоковиќ победи на на АТП турнирот од Мастерс серијата 1000 во Мајами.Својата четврта титула на турнирот Мајами Новак Ѓоковиќ ја освои со триумфот во финалето над шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 2-0 (6-3, 6-3).

Ова беше 40-ти меѓусебен дуел помеѓу Ѓоковиќ и Надал, односно 18-та победа на српскиот тенисер кој претходно титулите на мастерсот во Мајами ги освојуваше во 2007, 2011 и 2012 година. Од друга страна пак, ова е четврти пораз за Надал во финалето на турнирот во Крендон Парк. Во 2005 загуби од Федерер, три години подоцна од Давиденко, а пред три години загуби и од Новак Ѓоковиќ.

Ова е 18-та титула за Ѓоковиќ на АТП Мастерс 1000 со што се искачи на третото место на вечната листа на освојувачи. Исто така, за Ѓоковиќ ова е втора титула оваа сезона, односно 43-та во неговата кариера.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ