Три ипол години затвор за претседателот на Баерн

СПОДЕЛЕТЕ
Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес попладнево беше осуден на три ипол години затвор поради затајување на данок.

На почетокот од оваа недела започна судскиот процес против легендата на ’Баварците’, на кои беа презентирани докази дека Ули Хенес од 2003 па наваму затаил данок од 27,2 милиони евра.

Обвинителството побара затворска казна од пет ипол години, а претседателот на Баерн Минхен се надеваше дека ќе избегне да оди зад решетки бидејќи целосно соработувал со властите и ги открил сите детали.

Со оглед на тоа дека првичната сума за која се товареше Ули Хенес беше 3,5 милиони евра, а на крајот испадна многу повеќе, судот попладнево изрече затворска казна од три ипол години.

Ваквата пресуда не е конечна, одбраната на Ули Хенес и обвинителството можат да достават жалба во следните седум дена.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ