Историјата на 6 исчезнати авиони

Исчезнатиот Боинг 777 на малезиски ерлајнс не е единствениот авион, чија судбина останува непозната (или барем за сега). Изданието „Либерасион” потсетува за 6 други авиони, што исчезнале  без никакво објаснување.

На 8 мај 1927 елегантен авион полетал од аеродромот „Бурџ” во Париз. „Белата птица” била  управувана од двајца поранешни пилоти од првата светска војна: Чарлс Нонџесер и Франсоа Рент. Тие се насочуваат кон Њујорк со цел да преминат на Северниот Атлантик. Авионот бил  забележан над Ла Манш, Англија и Ирска. Сепак, тој  не успеал да пристигне до  САД. Во јануари службите изјавија дека имаат собрано факти, според кои авионот бил соборен, додека летал над Сен Пјер и Микелон, но мистеријата останува нерешена.

На 18 јули 1929 норвешкиот истражувач Руал Амундсен, првиот човек кој стапнал на Јужниот Пол, станува дел  на одборот на  „Лахам”, во компанија на француско-норвешки екипаж, составен од пет лица. Целта на патувањето била  да бидат откриени преживеани од мисијата на истражувачот Умберто Нобиле, чиј авион се урна во близина на Шпицберг, главен остров на архипелагот Свалбард. Никој повеќе не ги видел. Пронајдените остатоци од машината, кои се чуваат во Томазо во Норвешка, сведочат за принудно слетување на авионот, кој потоа најверојатно потонал.

Првата жена, која го поминала сама Атлантикот, авиаторката Амелија Ерхарт, веќе имала зад себе многу рекорди, пред да реши да направи тура  околу светот  во 1937. По првиот лет во март, таа поаѓа одново во јуни во друштво на Фред Нунан на одборот на Локхид Електра . Јужна Америка, Африка, Азија … премините следат до островот Хоуланд во Тихиот Океан, каде трагите  на авионот се губат. Се претпоставува дека се работи за дефект на машината. Според други машината  била соборена  од јапонски војници, но ваквите  тврдења сепак остануваат непотврдени.

На 30 јануари 1979 товарен авион на бразилската авиокомпанија „Вариг” полетува од аеродромот во Нарита до Токио во насока на Рио де Жанеиро. На одборот на машината, Боинг 707 има 6 членови на екипажот и 153 слики на уметникот од јапонско-бразилско потекло Манабу Мабе кои се враќаат од изложба во Јапонија.

Половина час по полетувањето авионот паѓа во Тихиот Океан. Остатоците, телата, или трагите од товарот никогаш не се откриени.

14 месеци стариот Боинг 727 на „Американ ерлајнс”, позајмен на компанијата „Ер Ангола”, стоел во хангар на аеродромот во Луанда. На 25 мај 2003 авионот полетува без никакво предупредување и исчезнува. Поради стравување дека бил  украден од борци на Ал Каеда, неколку западни разузнавачки служби преземаат истрага, но без резултат.

Во истрагата се појави име на  воздухопловен механичар и аматерски пилот кој пред летот на авионот бил забележан во Луанда. Тој ли  пилотирал со авионот? И ако не, што се случило со него?

На 1 јуни 2009 авион Ербас А 330 на компанијата „Ер Франс” исчезнува во Атлантскиот Океан на патот меѓу Рио де Жанеиро и Париз со 228 патници во авионот. Причините за несреќата остануваат долго неразјаснети додека по долгите барања се пронајдени црните кутии на машината. На крајот излезе дека  сензорите „Пајтон” предавале грешни информации за брзината на движење на пилотите кои не успеале да реагираат на време, за да се избегне несреќата.

- Реклама -