Геј фламинга посвоиле пиле

flamingo372Две розови фламинга од ист пол, посвоиле напуштено пиле и на тој начин,
по многу кражби на туѓи јајца и присвојување туѓи гнезда, на крајот
станале среќни родители.


flamingosДве розови фламинга од ист пол, посвоиле напуштено пиле и на тој начин, по многу кражби на туѓи јајца и присвојување туѓи гнезда, на крајот станале среќни родители.

– Карлос и Фернандо толку сакаа да станат родители што другите фламинга ги бркаа од нивните гнезда и им ги крадеа јајцата за да лежат на нив, но без успех – вели Џејн Вагхорн, портпарол на бирото на британската организација за заштита на природата Wildfowl и Wetlands Trust, кај Бристол, југозападна Англија.

Така двојката стана идеален кандидат за „посвојување“ на пилето, кое било сместено во инкубатор откако неговата мајка го напуштила гнездото.

Карлос и Фернандо, кои живеат заедно веќе шест години, можат во своето грло да произведат млеко со кое ќе го хранат пилето.

– Хомосексуалноста е честа појава меѓу розовите фламинга, кога нема доволно женки – вели портпаролот на организацијата.

виа.

- Реклама -