Може ли отсечената глава да продолжи да живее?

Сме го виделе тоа во филмовите, но постојат и многу приказни, некои стари и по неколку века, што опишуваат отсечени глави кои продолжуваат да живеат дури и по неколку секунди – трепкаат, менуваат експресии, се обидуваат да зборуваат.

За време на Француската револуција, наводно, еден егзекутор ја држел отсечената глава на Шарлот Кордеј (атентаторот на Жан-Пол Марат) во воздух и ја плеснал по образот. Сведоците тврделе дека очите на Кордеј го погледнале егзекуторот, додека на лицето се појавил непогрешлив израз на гнасење.

Малку поскоро, во 1989, армиски ветеран раскажал за сообраќајна несреќа во која неговиот пријател бил обезглавен, пред неговите очи. Според приказната, отсечената глава покажувала емоции на шок, проследени со израз на терор и тага, додека очите гледале кон одделеното тело.

tumblr_mhq3e72kyF1qgqpw3o1_500

Колку и да се уверливо раскажани, докторите би ги нарекле овие приказни – невозможни. Во случај на отсекување на главата, мозокот би страдал од масовен пад на крвниот притисок, што резултира со губење на крв и кислород. Како последица на тоа, мозокот би паднал во кома, дури и ако ја измами смртта на неколку секунди.

Како и да е, неодамнешните студии извршени врз животни, делумно даваат кредибилитет на ваквите морничави приказни.

Во 2011, холандски научници поврзале ЕЕГ апарат со мозоците на неколку експериментални глувци „осудени“ на обезглавување. Резултатите покажале пролонгирана електрична мозочна активност во отцепените мозоци, останувајќи на фреквенции што би индицирале свесна активност од неколку секунди. Студиите извршени врз други мали цицачи, навестуваат дури и подолг период.

KillBill-O-Renmeeting14

Ако ова важи и за луѓето, тие неколку секунди би обезбедиле доволно време за чудни и застражувачки искуства – мозокот е способен за 4 секунди да регистрира и реагира на огромен дел од околината.

Сепак, анегдотите се најверојатно описи на рефлексни акции. Во случај на отстранети екстремитети, рефлексниот несвесен дел од мозокот – екстрапирамидален систем, би можел да произведе дел од изразите на лицето.

- Реклама -