Кога куче се обидува да го спаси сопственикот (Видео)

На интернет е се попопуларна снимката од кучето кое е навистина загрижено што неговиот сопственик скокна во вода со намера да се искапе.

Со оглед на тоа што помисли дека тој се дави и дека животот на неговиот сопственик е во опасност, храброто куче скокна во водата со цел да му помогне.

Во приложеното видео може да видите зошто се вели дека кучињата се најдобрите пријатели на луѓето.

- Реклама -