Home Култура Книги Книга: Пурпурна крава

Книга: Пурпурна крава

0

Повеќе.. Дали сакате да бидете посебни или невидливи? Одлучите сами. Или ќе
бидете Пурпурна крава или ќе ве нема. Пурпурна крава означува нешто
посебно и незаборавно.

Пурпурна крава

Дали сакате да бидете посебни или невидливи? Одлучите сами. Или ќе
бидете Пурпурна крава или ќе ве нема. Пурпурна крава означува нешто
посебно и незаборавно.

Што е тоа што го имаат Старбакс и ЏетБлу, Криспи крем и Епл, Дач Бој и
Кенсингтон, Зиспри и Хард Кенди – а го немате вие? Како успеваат тие
постојано да ги збунуваат критичарите и да постигнуваат спектакуларен
раст, оставајќи зад себе проверени и силни стоковни марки?

Соочете се со фактот дека списокот на „п” што маркетингот го користеше
со децении за да го привлече вниманието на одредени производи (политика
на цените, пропаганда, публицитет – да набројам само неколку), во
меѓувреме се потроши и дека веќе не функционира.

Но постои една исклучително важна „п” што треба да се додаде во
списокот. Тоа е Пурпурната крава. Кравите – откако сте виделе една или
две, или десет – стануваат здодевни. Но Пурпурна крава… тоа е веќе
нешто друго. Пурпурната крава означува нешто возбудливо и незаборавно.
Потрошувачите секојдневно се среќаваат со безброј здодевни работи – со
многу кафеави крави – но можете да се обложите дека Пурпурната крава
нема да им биде здодевна. Притоа, таа не е нешто што ќе биде додадено
подоцна кон вашиот производ или кон вашата услуга. Пурпурната крава е
нешто што е вградено во производот. Или е составен дел на производот
или ја нема. И точка.

Оваа книга зборува за тоа зошто би морале
да вградите Пурпурна крава во сѐ што создавате и зошто телевизијата и
радиото веќе не се вашето тајно оружје. Затоа, доста реклами, дајте
иновации.

Најсреќните тројца читатели ќе имаат можност да ја добијат оваа книга бесплатно (кликнете тука), a oстанатите книгата можат да ја нарачаат он-лајн на сајтот на ТРИ, или да појдат до книжарницата ТРИ која се наоѓа во Градскиот Трговски Центар на I. Кат. Искажете го вашето мислење за оваа книга на форумот.

 Добитници на книгата Ангели и демони се:

– Далибор Тодоровски
– Елизабета Петровиќ
– Мартина Амбарџиева

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here