Откриена е пирамида на Водно

СПОДЕЛЕТЕ

Деновиве се појави група на Фејсбук во која се тврди дека е откриена пирамида на Водно. Овој “феномен” во последно време е многу актуелен, поради тоа што секојдневно скоро низ целиот свет се регистрираат многу стари слични градби.
482638_167697966739646_1111851370_n
Покрај тоа што веќе се снимени неколку прилози за пирамидата во Росоман, свингата кај Селце (Прилепско) и ред други, деновиве актуелна е пирамидата на Водно.
988651_670077186342641_27000682_n

Дека ова тврдење не е засновано само на визуелен доказ, потврдува и пронајдокот на домашните археолози на камената плоча во Жданец. Таму е констатирано погребување на четири воини, придружени со пар коњи, впрегнати во
кочија. Тогаш е поставена хипотезата дека се работи за жртвување на гарда пред влезот во гробницата на некој локален владетел, која сеуште не е откриена.

1. локалитетот каде што е откопана камената плоча.
2.Тумулус-гробница
3.Претпоставка за влезот на целата комплекс на градби
482530_166758383500271_1200120786_n

За жал но и за среќа, дивите копачи веќе го намирисале овој локалитет, па може да се воочат диви откопувања. Позитивната страна на ова е дека веќе имаме црвсти докази за археолошки локалитет.
На сликава се претпоставува дека е откопан некој вид на жртвеник, но не се знае од кога датира.
999102_168697719973004_1081132421_n

Во продолжение ќе ви преставиме неколку фотографии на кој може да се приметат различни артефакти и градби.
449_166515216857921_344170413_n 184431_168696833306426_1681877365_n 249099_167706953405414_969977806_n 389310_166496610193115_812873606_n 485882_166515156857927_131301422_n 601107_166496720193104_274517351_n 603079_166515836857859_1320040986_n 603151_166496623526447_1498057725_n 922704_166496196859823_140832119_n 944681_166514883524621_1227853107_n 945530_170376499805126_162260286_n 954827_166492060193570_649841406_n 968782_166527420190034_1853071131_n 969450_166515803524529_1477106897_n

Во последниве две декади, одреден број на ентузијасти пласираат многу хипотези и докази кои се косат со досегашните толкувања на модерната историја и археологија, и за жал менталитетот на поголемиот број на “мејнстрим” научниците е многу ригиден и без многу размислување ги отфрлаат овие “аматерски” хипотези. Таков е случајот со Самир Османагич и Босанската пирамида на Сонцето, која како што изминува времето се повеќе добива на научна тежина, или пак доказите на руските научници за египетските пирамиди и нивна демистификација.

Но едно е сигурно, доколку на Хајнрих Шлиман, човекот кој ја пронајде Троја, научната заедница му се исмеваше со децении за на крај постхумно да го признаат неговиот успех, тој период на исмевање во денешницата е многу пократок.

- Реклама -