Трепанација:Дупка во черепот како лек

СПОДЕЛЕТЕ

trepanationЖивотот во далечното минато не бил без опасности. Помеѓу војните, пијаните дуели и повремените сериски убиства, не е ни чудно што има многу архаични черепи со големи дупки. Меѓутоа денес говориме за намерни дупки од медицински аспект, по кои пациентот и понатаму водел „нормален“ живот.


trepanation-illustration-18th-centuryЖивотот во далечното минато не бил без опасности. Помеѓу војните, пијаните дуели и повремените сериски убиства, не е ни чудно што има многу архаични черепи со големи дупки. Меѓутоа денес говориме за намерни дупки од медицински аспект, по кои пациентот и понатаму водел „нормален“ живот.

Овие дупки во черепот се дел од најраната форма на психијатриски третман наречена трепанација(trepanation wiki).

Основната теорија позади оваа „терапија“ е дека лудилото е предизвикано од демони кои се наоѓаат во главата на пациентот. Со дупчењето, во неговата глава се креира врата преку која демоните можат да избегаат и voila! – лудилото го снемува.

И покрај откаченоста на оваа теорија и недостатокот од анестетици, трепанацијата не е ограничен феномен. Од времето на Неолитот па до раниот 20 век, разни култури во светот ја користеле за да ги излечат болните.

Докторите со време се дистанцирале од овој метод, па понапредни процедури биле развиени. Меѓутоа одредени структури не ги следеле белите мантили. Патроните на трепанацијата сеуште постојат во светот и тие имаат сопствени организации – и вебсајтови!

Проверете ја International Trepanation Advocacy Group на www.trepan.com ако сте барем малку љубопитни за дупка во главата.

[10 Mind-Boggling Psychiatric Treatments]

- Реклама -