Концертот на Nouvelle Vague во живо на Радио Равел

nouvelle_vague_-_fotoКако дел од нивната голема светска турнеја, францускиот боса-нова бенд Nouvelle Vague на 17. декември пристигнува во Универзалната сала во Скопје. Познати по преработувањето на new wave и punk музика во специфичен боса-нова стил од 60-те, овој состав досега има издадено 3 студиски албуми, кои постигнаа неочекувано голем успех. Радио Равел им пружа екслузивна можност на своите слушатели концертот на Nouvelle Vague во Универзална сала да го проследат во живо на брановите на радиото. Не пропуштајте на 17. декември од 20:30 да бидете на 96 FM.

- Реклама -