Wi-fi прави место за својот наследник li-fi

СПОДЕЛЕТЕ

Oledcomm е компанија од Париз која ги поминала последните две години во развивање на li-fi или light fidelity, односно трансфер на податоци преку светлина.

Директорот на компанијата, Седрик Мајер, претставува пионер во користењето на li-fi приемници за читање на податоци, преведување на истите и трансформирање.

Ова работи на тој начин што LED светлото се вклучува на висока фреквенција. Кога е исклучено е нула, а кога е вклучено е еден. Поради тоа се испраќаат нули и единици со неверојатна брзина кои може да достигнат 3 GB во секунда.

Ова претставува 150 пати поголема брзина од wi-fi конекцијата. Дури и со користење на базичен модем поврзан до LED светилка е доволно за да се испратат информации до компјутерот преку светлосен сензор. Новата технологија не емитува електромагнетни бранови, па за разлика од wi-fi, ќе биде возможно да се пристапи на Интернет во воздух или во болници, со значително помал ризик.

Но и покрај очигледните бенефити за користење на li-fi, постојат и некои проблеми кои мора да се надминат, така на пример за системите кои комуницираат како Вашиот паметен телефон, светилката потребно е да биде позиционирана доста прецизно со цел да го прима светлосниот бран.

Се очекува дека од 2014 година, веќе ќе постои ваков производ за 80 евра.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -