Алатка за праволиниско подвлекување

Повеќе...Сигурно постојано ви се случува да видите некој нов производ кој е толку едноставен, што сте се запрашале како не ви текнало на вас? Епа оваа алатка за цртање е токму таква. Едноставна, но практична и интересна.

Сигурно постојано ви се случува да видите некој нов производ кој е толку едноставен, што сте се запрашале како не ви текнало на вас? Епа оваа алатка за цртање е токму таква. Едноставна, но практична и интересна.

Оваа алатка за прецизно цртање е концепт креиран од корејскиот дизајнер Гиха Ву. Кога на неа ќе прикачите пенкало, таа ви овозможува да цртате прави линии без потребата од линијар. Топчето се движи нормално, соодветно со куглата на врвот од пенкалото. Со помош на топчето исто така можат да се цртаат како вертикални, така и хоризонтални линии, како и линии под агол од 45 степени.

Делот со отворот е направен од гума, што овозможува лесно прикачување на пенкалото. На оваа алатка исто така има и екран кој прецизно кажува колку е долга линијата што ја цртате.

constrained001
constrained002
constrained003
constrained004
constrained005
constrained006
constrained007

- Реклама -