Маратон

Види вака спортување е прекрасна работа, кога има масовна излезеност уште поубава, амааа…

Да, минатиот викенд се случи Скопскиот Маратон 2013… И се беше конец, излезеност многу, организација на ниво, познати фаци ептен..

Огромна забелешка до Скопските возачи кои нетрпеливо свиреа заради блокираните улици пресекуваа пат на маратонците, се бунеа дереа и малку фалеше да се степаа и со полицијата и со маратонците кои безобразно им го сечеа патот на шофериштава.

Што се однесува до познатите учесници, коректни жими се… Ама, новинарине ја заебаа работава оптеретувајќи ја Катарина Ивановска со слики по своите портали и насловни страни… Што на некој начин ја извитопери целата манифестација, преку невкусни коментари и наслови!

А за Кики се нај! Да си признаеме нејзиното учество го крена нивото на маратонот на едно светско ниво и во иднина треба што по масовно да учествуваат јавни фаци на вакви манифестации! Фала.

А најинтересни ми беа Македонските посматрачи кои по веб страниве додаваа коментари дека била дебелка, не била толку убава итн…

А тоа ти е Македонска работа за се да се мрчи, хејта наместо да се земе позитивното како пример за во иднина…

Ќе повторам пак, браво за Скопски Маратон, браво за Катарина Ивановска, браво за Лоба, Некст Тајм, Гораст, Славиша итн…

Отидов ја да средувам импресии од Евровизија!

@bratot1

- Реклама -