Докажано: Жените се поубави одошто мислат дека се

СПОДЕЛЕТЕ

Дали сте знаеле дека само 4% од жените мислат за себе дека се убави? Токму од таа причина компанијата „Dove“ сними реклама која покажува дека жените се секогаш поубави одошто мислат дека се.

Повикале седум жени од различна возраст и раса, поранешен цртач на FBI и седум непознати луѓе. Најпрво жените седеле зад завесите и му се опишувале на цртачот, кој ги правел нивните портрети како што вообичаено ги прави. Потоа секоја од нив поминала одредено време со потполно непозната личност, која после тоа на цртачот му ја опишувал истата дама.

Резултатите се неверојатни, бидејќи секоја жена се опишала многу поинаку одошто навистина изгледа, додека описот од непознатата личност бил доволен за цртачот да направи совршено веродостоен портрет.

Кога ги виделе резултатите некои од испитаниците дури и заплакале сфаќајќи колку лошо и нереално мислење имаат за себе. Погледнете го и видеото.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ