Што сум станал рано!

СПОДЕЛЕТЕ

Што ми требаше да излезам од дома рано, па уште и да имам работа накај центар!?!

Уместо стани си у 11 саат и полека полека до кај 3 саат ќе стигнеш… до негде!

И така ја искачам од дома среден, влагам у кола викам кај и да е ќе стигнам за 5-6 минути до центар онака пун со себе пошо нели рано искачам…

А бе Марфи Марфииии си викам , ме фати таква гужва да помислив дека сум статист во некој Амерички филм – шпиунски :)))

Ќе речеш од кај спојкава ама глеј сеа… Поред мене проаѓа југо и госпожа со тапирана коса мислиш афроамериканец рапер е и пуши цигара, е добро де госпоѓава беше бела наша дека…

Пред мене две дечиња скокаат на задното седиште како на федери а таткото го глеам на раб на нервен слом и ради нивното скокање и ради гужвата… Имаше и пар пешаци кои се обидуваа да поминат улица меѓу колите и при тоа да не бидат прегазени исто како у една култна игра за комодоре 64 “Frogger”…

Ама главниот лик у овој филм беше еден дечко што изведе еден магионичарски трик у кола, а трикот беше брцна со прст у нос и извади марама долга пола метро и лагано ја фрли низ прозор… Се шалам не беше марама туку мрсул беше… А бе мајстор дечково маааајстор прав магионичар!

И среќа што локалните просачи знаат како изгледа марама, иначе ќе се залетаа да ја земат!

И така седејќи и чекајќи да стигнам кај што сум тргнал… Си викам овој Тарантино мора да има Македонско потекло!!!

@bratot1

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ