Империја на плоштад

СПОДЕЛЕТЕ

Си биле Хипо и Чипо, и Хипо му рекол на Чипо “ако не напраиш дует со мене, ќе те наседнам и очите ќе ти излезат иако носиш наочари”.

И би дует…

И така они пееле, рикале, и се сликале со кран камера, ќе речеш е шо сеа кран камера… е па им фалела уште Ноне за коа ќе се качат еден врз друг да бидам 180цм високи!

Е сеа не ми беше тоа муабетот, туку следново зашто сите со негативен набој го глеавте спотот, зашто?!?
Како може никој да не виде уметност во него, а да гледате уметност у миљон индиски и турски серии!!!
Спотот шо го снимија треба да се гледа со уметничко око, тоа кадри миљон, тоа кран камери фрчат на сите страни, тоа рефлектори, тоа гардероба мењање итн… Или у превод опсада на спомениците и плоштадот… За да се добие ефектот како што треба и да се примети сѐ што треба, треба да се гледа на нај споро и едно 100 пати(читај: само за луѓе со јак желудник).

Иначе песната и мене ме буни како Хипо завива професионално, а пустиот Чипо “чекорел по небо” што е нели невозможно…
И така дојдовме до крајот на песната пошто и не вреди повеќе да се пишува за неа…

Го заклучувам следното: не е уметност за овој прост народ жими сѐ!

@bratot1

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ