Шпанија и Словенија први полуфиналисти

СПОДЕЛЕТЕ

Репрезентациите на Шпанија и на Словенија се првите полуфиналисти на Светското првенство во ракомет. Домашната селекција на Шпанија ја совлада Германија со 28-24 и обезбеди место меѓу четирите најдобри на мундијалот. Германците, кои претходно беа подобри од Македонија, овојпат беа немоќни против „црвената фурија“, иако по првото полувреме имаа предност од 14-12. Сепак, во вториот дел Шпанците бодрени од публиката успеаја да направат пресврт и да стигнат до полуфиналето. Агинагалде и Томас со по седум голови беа најефикасни во победничкиот состав, а Кристоферсен кај Германците беше стрелец на шест погодоци.

Словенија претходно славеше во дуелот со Русија, 28-27 (14-13) и ја продолжи својата бајка на овој ракометен мундијал. Лука Звижеј и Урош Зорман со по пет гола ги предводеа Словенците на овој меч, а Шелменко и Дибиров постигнаа по шест гола кај Русите.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ