Мозочни пејсмејкери против психијатриски болести

мозокМозочни пејсмејкери, мали импланти кои ветуваат многу во борбата против проблематичните психијатриски болести. Сè што преостанува е научниците да ја најдат најсоодветната локација за нив. Deep brain stimulation, или DBS, се покажала како одличен начин за блокирање на тресењето поврзано со Паркинсонова болест.

Но, блокирањето на менталните болести не е толку лесно. Во моментов има напор за истражување на ефектот на овие стимулатори врз посериозните случаи на депресија, опсесивно-компулсивно растројство и Туретов синдром. „Не се работи за прекинувач“ предупредува доктор Мајкл Окун од Универзитетот од Флорида. За разлика од пациентите со Паркинсонова болест, психијатриските пациенти кои реагираат на DBS покажуваат постепено подобрување, што понекогаш ги фрустрира.

И само затоа што депресијата се намалува, тоа не значи дека пациентите можат да ја напуштат традиционалната терапија. Според доктор Хелен Мајберг, на овие пациенти им треба помош за да научат како да функционираат, исто како што на пациенти кои добиваат вештачки колк им е потребна физикална терапија. „Откако ќе добиете контрола врз сопствениот мозок, мора да научите како да го користите“ додала таа. Околу 70.000 луѓе кои боледуваат од Паркинсонова болест во целиот свет биле лекувани со DBS во ситуации кога традиционалните третмани не помагале.
Како функционира? Хирурзи поставуваат жица длабоко во мозокот. Мали електрошокови – напојувани од мал генератор сличен на пејсмејкер кој се наоѓа во близина на клучната коска – ги онеспособуваат хиперактивните нерви за да го спречат тресењето. Научниците откриле на кои точки да се фокусираат врз основа на хируршките зафати кои понекогаш се потребни кај најсериозните случаи на Паркинсонова болест. Разликата помеѓу хируршкиот зафат и DBS е што при хируршкиот зафат тие делови од мозокот се уништуваат за да им се помогне на пациентите. Електричните сигнали можат да бидат прецизно наштелувани, па дури и исклучени ако не функционираат. [Trying brain pacemakers to zap psychiatric disease]

- Реклама -