Гласното слушање музика на MP3 плеер е штетно колку и бучавата на мотор од авион

СПОДЕЛЕТЕ

headphones_loudЕдна порака до сите љубители на слушањето музика преку MP3 плеер и слушалки – долгото и гласно уживање во музиката е еднакво на штетата која на ушите му ја прави бучавата од авион, на пример при полетување. Предупредувањето доаѓа од Медицинскиот факултет на Универзитетот Јејл.


090409_headphones_loudЕдна порака до сите љубители на слушањето музика преку MP3 плеер и слушалки – долгото и гласно уживање во музиката е еднакво на штетата која на ушите му ја прави бучавата од авион, на пример при полетување. Предупредувањето доаѓа од Медицинскиот факултет на Универзитетот Јејл.

Последиците се многу јасни: постепено губење на слухот и други проблеми со тоа сетило, баш како и кај сервисерите и останатите работници кои се изложени на гласна бучава на машините како што се моторите на авионите.

Според истражувањата на професорот Питер Рабиновиц, некои MP3 плеери имаат опција за зголемување на гласноста повеќе од 120 децибели кои човекот може да ги толерира многу кратко време. Тоа е проблем кој многу малку се контролира – а на сите ни е познато колку таквите слични апарати се популарни во светот, особено меѓу младите (според некои истражувања 90% од младите Европјани и Американци ги користат редовно). За жал, постојат многу малку медицински истражувања кои би ја испитувале штетноста на Ајпод и MP3 плеерите. Од друга страна, истражувањата кои ја следат штетноста на градската врева и бучава на кои се изложени различните профили работници се многубројни.

Пишувајќи за списанието British Medical Journal, професорот Рабиновиц потсетува дека гласното слушање музика има уште една негативна страна – го одзема вниманието и тоа тогаш кога тоа е најпотребно – во текот на возењето, преминување улица или извршување на одредени работни обврски. Исто како и со мобилните телефони кои, попатно кажано, денес исто така нудат можност за слушање музика преку слушалки. Пред десет години на вакви проблеми воошто не се ни помислуваше. Кој би рекол дека денес слушањето музика може да биде извор на голема опасност. [MP3 music could be as loud as a jet engine]

- Реклама -