„Принцот од Бел Ер“ преку преводот на Гугл

Дечките од CDZA направија нов музички експеримент во кој како мета на истражување се најде почетната нумера од серијата „Принцот од Бел Ер“.

Експериментот ни покажува што се случува кога текстот од песната ќе се преведе на 64 различни јазици преку Гугл Транслејт, а потоа ќе се копира како таков и повторно ќе се врати на англиски.

Интересно е тоа што иако при крајот текстот речиси целосно ја губи смислата, сепак Џереми Харис кој се најде во улогата на Вил Смит, успеа одлично да ја вклопи во мелодијата.

- Реклама -