Совети за здрава и сјајна коса

СПОДЕЛЕТЕ

За да ја зајакнете косата пред сѐ треба да престанете да ги правите малите грешки во нејзиното негување, кои, кога ќе се соберат, всушност довеле до тоа да ви биде сува и оштетена.

Прочитајте ги четирите правила за здрава и сјајна коса:

1.Косата не треба да ја миете повеќе од три пати неделно, но ако морате, тогаш и понатаму може да ви остане здрава и сјајна. За сите типови коса најважно е да користите добри препарати кои истовремено ја зацврстуваат и обновуваат косата и спречуваат нејзина кршливост.

2.Шампонот нанесувајте го само на темето и немојте претемелно да го шампонирате остатокот од косата. Ако премногу ја триете косата особено на врвот на главата, ќе создадете чворови, објаснува фризерот Натаниел Хокинс. Имајќи предвид дека косата е најкревка додека е мокра,  чворот ќе ќе предизвика нејзино пукање.

3.Не ја чешлајте косата додека е мокра. Нежно впијте го остатокот од вода со пешкир, без триење. Поминете со прстите низ косата и нанесете регенератор. Можете тогаш да ја исчешлате, но внимавајте да имате добра четка која не мора да биде скапа. Важно е да има заоблени врвови, а не остри.

4.Кога ќе ја измиете косата обвиткајте ја со пешкир. Не ја собирајте во репче. Пред да почнете да ја сушите со фен нанесете крема или спреј за термална заштита.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ