Темелков против Катар, Мојсовски во „аут“

Македонскиот селектор Звонко Шундовски уште по првиот одигран натпревар на Светското првенство се одлучи да направи рокада во нашиот тим.

За денешниот натпревар против Катар кој го играме од 18 часот, меѓу 16 ракометари ќе биде Владимир Темелков, а отпадна Златко Мојсовски кој заедно со претходниот „отпишаниот“ Ојлевски ќе биде на трибините. На списокот на македонскиот кормилар за денешната средба се голманите Ристовски и Митревски, како и Манасков, Стоилов, Кире Лазаров, Јоноски, Ангеловски, Миркуловски, Велко Маркоски, Темелков, Никола Марковски, Наумче Мојсовски, Димовски, Георгиевски, Филип Лазаров и Левов.

Според пропозициите на ИХФ, селекторите имаат право да направат измени во составот веќе по првиот одигран натпревар, но во текот на шампионатот тие не смеат да направат повеќе од две „рокади“ во ростерот на својата репрезентација. Ние првата ја искористивме…

Македонија е само една од две репрезентации, покрај Аргентина, која се одлучи на промена во составот по првиот натпреварувачки ден.

- Реклама -