Роман за тајните откритија на генијот Тесла

СПОДЕЛЕТЕ
ts_h_right"Завештанието на Тесла" е насловот на романот од Луис Пердју, во кој еден човек случајно дознава за тајните пронајдоци на
генијот Никола Тесла, кои ЦИА ги чува како доверливи документи и за кои
порекнува дека ги поседува.

zavesht
 
"Завештанието на Тесла" е насловот на романот од Луис Пердју, кој неодамна го објави издавачката куќа "Култура".

Романот е пишуван како напнат трилер, во кој еден човек случајно дознава за тајните пронајдоци на генијот Никола Тесла, кои ЦИА ги чува како доверливи документи и за кои порекнува дека ги поседува.

"Тесла имал неверојатен репертоар на интереси. Правел експерименти со базжичната комуникација, ги поставил темелите на роботиката во 1890-тите, кои важат и до денес. И околу две децении пред смртта, тврдел дека открил нов смртоносен лач, кој ќе ги исфрли од употреба познатите оружја. Кога тој починал, во 1943, владата на САД ги зграпчила неговите документи и ги прогласила за строго доверливи" вели Пердју во предговорот.

"Завештанието на Тесла" во најголем дел е базирано на факти, но вклучува интересен заплет и љубовна приказна, кои му ги даваат атрибутите на лесно и интересно четиво.
 
 
- Реклама -