Дурант ги среди „Биковите“

Оклахома Сити Тандер стигна до значајна победа на жешкиот терен во Чикаго откако Кевин Дурант ги презеде работите во свои раце и не дозволи неговиот тим да го претрпи третиот пораз оваа сезона во НБА-лигата.

Домаќините делуваа сигурно на патот до нов триумф, но во последната четвртина дојде до голем пресврт, Оклахома Сити го доби овој период од мечот со 31:18 и стигна до победата.

Кевин Дурант постигна шест поени во самата завршница од дуелот, овозможувајќи му на својот тим да одолее на последните налети на „Биковите“. Најдобриот кошаркар на Тандер го заврши натпреварот со 24 поени, Серж Ибака реализираше 21 поен, а Расел Вестбрук исто така одигра одличен меч, забележувајќи дабл дабл од 16 поени и 12 асистенции.

Во вториот синоќешен натпревар кошаркарите на ЛА Клиперс забележаа рутинска победа на гостувањето против Портланд (90:103). „Резервистот“ Џамал Крафорд со 25 поени беше најпрецизен во таборот на Клиперси, додека Крис Пол и ДиАндре Џордан придонесоа со по 21 поен во овој натпревар.

Најзабележителен кај Портланд одново беше францускиот репрезентативец Батум, чии 25 поени сепак беа недоволни за да се забележи успех.

- Реклама -