Која е вистинската цена на најпопуларните таблети?

Кој производител има најголем профит од нивните таблети? Која е вистинската цена на iPad Mini и Kindle Fire HD?

Споредено со Google и Amazon, кои имаат минимален профит, или дури и загуба, од своите таблети, Apple има доста удобен профит од iPad Mini. Според IHS, кои ги расклопуваат гаџетите и ги проценуваат компонентите, iPad Mini на  Apple содржи материјали со вкупна вредност од 188 долари што е 141 долар помалку од цената на производот.

За перспектива Nexus 7 моделот со 16 гигабајти материја има материјали со вредност од 159 долари а чини 200 долари. Amazon пак не се фали со фактот дека губи пари со секој продаден Kindle Fire HD. Според анализата на IHS Kindle Fire HD содржи компоненти кои чинат 165 долари во табелт кој чини 199 долари.

Не беше изненадување дека Kindle Fire HD не е профитабилен производ, но цената од 200 долари е доста луда ако се земат во предвид истражувањето, развојот и трошоци за маркетинг кои не се опфатени во таа сума од 165 долари. Microsoft пак плаќа 271 долар за компонентите во Microsoft Surface моделот со 32 гигабајти меморија кој чини 500 долари.

- Реклама -