Мајкл Џексон ја затвора својата куќа во Неверленд

СПОДЕЛЕТЕ
michprПоп суперѕвездата
Мајкл Џексон ја затвори својата куќа на Неверленд ранчот и ги отпушти сите
вработени.

 

michael2

 

Поп суперѕвездата
Мајкл Џексон ја затвори својата куќа на Неверленд ранчот и ги отпушти сите
вработени.

„Трилер“ пејачот, кој живее во Бахраин уште од судењето за детско
злоставување минатата година сепак не го затвора ранчот целосно.
Неговата
портпаролка изјави: „Јавно е познато дека г-нот Џексон моментално живее во
средноисточната држава Бахраин. Тој поради тоа одлучи да ја затвори неговата
куќа и да ја намали работната сила. Ова е општа практика кога резиденцијата е
празна на неодреден период“.

Вработените на
ранчот на Џексон се жалат дека немаат земено плата од декември со што неговиот долг спрема нив изнесува околу 306.000 долари.

Мајкл направи
неколку јавни појавувања од неговото судење лани. Тој во септември најави песна
која би ја извел со познати американски пејачи.
Песната се вика „From
the Bottom of My Heart“ и требаше сите добиени средства да ги насочи кон фондот
на жртвите од Катрина, но сеуште не е снимена.

За време на
судењето, обвинителите изјавија дека и покрај успешните години кога Џексон
заработи милиони од своите албуми, тој има огромни долгови поради прекумерното
трошење.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ