Photo Sphere е можеби најдобрата новина во Android 4.2 (видео)

СПОДЕЛЕТЕ

Google направи нешто интересно со фотографии користејќи само алгоритми и обична камера на смартфон – Photo Sphere.

Најверојатно можете да претпоставите што е Photo Sphere, можете да го спуштите тука (во зависност од вашата направа може да не работи баш најдобро). Фотографии како овие создадени со Photo Sphere постојат веќе неколку години, но за нивно создавање беше потребен специјален софтвер, доста труд, трпение и труд. Не можевте едноставно да создадете фотографија од 360 степени и да ја споделите со пријателите.

Photo Sphere е чекор напред: им дава на обичните луѓе нов начин за споделување на нивниот свет. Софтверот потребен за создавање вакви фотографии е стандарден во Android 4.2. Камерата во Nexus 4 воведува нови интерфејс за фокус/подесувања (во форма на прстен со опции кој се појавува само кога е потребен) нов интерфејс во галеријата и секако Photo Sphere.

- Реклама -