Највпечатливите набљудувачници во светот

набљудувачнициСтоење на стаклен под кој навидум лебди во воздухот, на стотина метри од земјата ви дава чувство како да летате над урбаниот мозаик под вашите нозе. Набљудувачниците се совршениот механизам за претворање на инженерските ремек-дела, како облакодерите, во вистинско инстинктивно доживување. За сите вљубеници во височините, еве ги највпечатливите и највисоки набљудувачници во светот.

Стоење на стаклен под кој навидум лебди во воздухот, на стотина метри од земјата ви дава чувство како да летате над урбаниот мозаик под вашите нозе. Набљудувачниците се совршениот механизам за претворање на инженерските ремек-дела, како облакодерите, во вистинско инстинктивно доживување. За сите вљубеници во височините, еве ги највпечатливите и највисоки набљудувачници во светот.

набљудувачницаБурџ Калифа, Дубаи, ОАЕ

Иако оваа платформа, сместена на новата највисока зграда во светот се вика „На Врвот“, не е. Платформата се наоѓа на 124-от од 163 ката. Таму ќе најдете големи двокатни прозорци, отворена тераса и уникатна перспектива која го прави Дубаи да изгледа како архитектонска макета.

Впечатливо: Купете си ги вашите билети однапред, преку интернет, ако сакате да ја посетите платформата на зајдисонце. А ако сте подготвени да платите повеќе, постои и специјален билет, кој чини 108 американски долари и ќе ви овозможи да одите преку ред.

набљудувачницаКулата Вилис, Чикакго, САД

Како да направите набљудувачницата на облакодер стар 37 години кој ја изгубил титулата највисок во 1998 да изгледа ново? Додавате неколку величествено страшни стаклени кутии, колективно познати како „Работ“. Илузијата дека лебдите, 103 ката над улицата станува доста популарна.

Впечатливо: Кутиите висат на подвижна челична рамка која овозможува истите да бидат повлечени внатре во зградата за да може да помине платформата за миење прозорци.

набљудувачницаШангајскиот Светски Финансиски Центар, Шангај, Кина

На стотиот кат на Шангајскиот Светски Финансиски Центар се наоѓа третото и највисоко ниво од набљудувачницата која се наоѓа на 474 метри височина. Оваа набљудувачница сè уште е највисоката набљудувачница поставена на облакодер и е уникатна по тоа што е изградена како мост кој ги поврзува двата врвови на облакодерот.

Впечатливо: Додека се возите во лифтот, можете да уживате во уметничките дела направени од Тошио Иваи.

набљудувачницаНабљудувачницата над Големиот Кањон, Аризона, САД

Чија идеа било ова? Самоносечка платформа која се надвиснува над западната страна на Големиот Кањон, околу 1200 метри над реката Колорадо. Оваа полукружна набљудувачница уште долго време ќе ја има титулата „највисока набљудувачница во светот“.

Впечатливо: Посетителите мора да носат хартиени навлаки врз чевлите за да не го изгребат стаклениот под.

набљудувачницаCN Кулата, Торонто, Канада

Познатата телевизиска кула во Торонто со своите 553 метри беше највисоката човечка градба во светот до изградбата на Бурџ Калифа. Набљудувачницата на оваа кула е првата на која бил вграден стаклен под во 1994 година. Но за разлика од Работ во Чикаго овде јасно се гледа структурата која ја носи тежината.

Впечатливо: Во 2008, во кулата бил инсталиран и првиот лифт со стаклен под во Северна Америка. Лифтот оди до висина од 346 метри, со што е и највисокиот лифт со стаклен под во светот.

набљудувачницаЗградата Емпајр Стејт, Њујорк, САД

Она што го прави овој облакодер висок 102 ката и стар 80 години подобар од поновите и повисоки облакодери е уникатната положба на средината на Менхетен. Набљудувачницата сместена на 86 кат има отворено шеталиште кое им овозможува на посетителите целосно да го искусат Њујорк, со сите видици, звуци и миризби.

Впечатливо: За дополнителни 15 долари можете да отидете до 102-от кат, но набљудувачницата на 86-от е поубава.

- Реклама -