Со iPhone 5 сите додатоци стануваат неупотребливи

iPhone 5 понуди многу новитети кои ќе ги задоволат фановите на Apple. Но еден новитет кој најверојатно ќе ги изнервира сите освен најфанатичните љубители на брендот е новиот конектор.

Lightning портот, како што Apple го нарече новиот конектор е помал и има поинаков облик од стариот со што милионите стари кабли за полнење, док-станици и будилници кои работат со iPhone кои корисниците ги собрале во минатите неколку години ќе бидат бескорисни.

Иако овој потег ќе иритира многу луѓе, Lightning конекторот ќе го поттикне производството на компаниите кои создаваат додатоци за iPhone и iPad. „Apple го искушува трпението на своите фанови“ вели Теро Куитинен, независен аналитичар и заменик претседател на Alekstra, компанија која им помога на корисниците да се справат со своите трошоци за мобилни телефони.

Apple, продава кабел и адаптер за Lightning конекторот за 70 долари (40 за кабелот од 20 сантиметри и 30 за адаптерот) за да им овозможи на корисниците да користат дел од старите додатоци, но не сите.

[iPhone 5, Lightning connector don’t list video-out support, promote AirPlay and an Apple TV instead]

- Реклама -