Конекторот за новиот iPhone 5 се вика Lightning и е 80% помал

Една од најчестите гласини за новиот iPhone беше дизајнот на новиот док конектор.

Apple сега најави дека iPhone 5 ќе има помала верзија на типичниот 30-пински док конектор, со што се уништува компатибилноста со додатоци од други произведувачи. Новиот осум пински конектор, со име Lightning, е 80% помал од стариот дизајн.

Apple има и решение за проблемот со старите додатоци. Компанијата ќе претстави специјален адаптер кој ќе ги конвертира постоечките конектори во помалиот дизајн. Дополнително, iPhone 5 има и нова подобрена камера.

- Реклама -