Škoda ја враќа Felicia како електричен хечбек

СПОДЕЛЕТЕ

Раководството на Škoda одлучи да ја заживее легендарната Felicia, но овојпат како електричен хечбек. Новината ќе се вика Felicia E, објави изданието AutoExpress.

Еколошкиот автомобил ќе се составува на модуларната платформа MEB која ќе е основата и на сериската верзија на Volkswagen I.D. По димензии Felicia E ќе е слична со Rapid Spaceback, но внатре ќе има врвна пространост. На шасијата MEB чешката компанија ќе прави и електричен кросовер, кој ќе биде позициониран според големината меѓу Karoq и Kodiaq. SUV изведбата ќе се вика Amiq, Eliaq или Anuq. Електричниот модел ќе има електричен мотор со 300 коњски сили, а со едно полнење на батерии ќе поминува и до 500 километри. Ова ќе биде најскапиот модел во историјата на чешкиот производител.

Škoda, исто така, ќе отпочне со развој и на електрично купе со 4 врати со два мотори со над 300 коњски сили. Автомобилот прво ќе се појави во Кина во 2025 година. На крајот на следната година на пазарот треба да се појави хибридна plug-in верзија на Superb, како и целосно електричниот градски Citigo.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ