Во Италија: Ако не ги вакцинираат децата, родителите можат да изгубат и старателство

СПОДЕЛЕТЕ

Во очи на епидемијата на сипаници што се шири низ Европа, италијанската влада одобри мерка да се казнат родителите кои нема да побараат медицинска помош и нема да ги вакцинираат децата. Мерката предвидува дека ако не ги вакцинираат, родителите дури можат и да го изгубат старателството над своите деца.

И покрај приговорите, италијанските власти во мај донесоа одлука дека децата мора да бидат вакцинирани против 12 чести болести, вклучувајќи детска парализа, тетанус, хепатитис Б, мали сипаници, заушки, сипаници и голема кашлица, пред да можат да се запишат во државни училишта, објави BBC. Наводно, родителите ќе се соочуваат со големи парични казни за испраќање на невакцинирани деца во установи за згрижување на деца или во училиште.

Официјалните јавни здравствени лица ја озбразложија одлуката истакнувајќи дека интензивните истражувања покажуваат дека вакцините придонесуваат за општото добро, и дека сериозните споредни ефекти се ретки. Притоа, бројни научни студии беа неуспешни во наоѓање на конекција меѓу вакцините и аутизмот, иако загриженоста за постоење на директна врска останува да тлее меѓу луѓето.

Сипаниците сé уште се чести во многу делови од светот, вклучувајќи некои земји во Африка, Азија, Европа и Пацификот. Оваа година Европа е под силен удар на сипаници, главно во Италија и Романија, соопштува Светската здравствена организација. Од јануари 2016-та, Романија има пријавено повеќе од 3.400 случаи и 17 смртни случаи, главно концентрирани во областите каде покриеноста со имунизација е исклучиво мала. Но и Италија бележи голем скок во бројот на случаи на сипаници, со најмалку 400 годинава. Експертите прогнозираат дека епидемијата ќе станува сé полоша.

Во очи на зачестеноста на сипаниците, и други земји ги стегнаа законите. Во Германија, на пример, родителите кои нема да побараат медицински совет околу тоа дали да ги вакцинираат нивните деца, се соочуваат со казни и до 2.500 евра, пренесува BBC.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ