Во Њујорк се „крчка“ најдолгиот облакодер на светот

Њујорк има строги закони кога е во прашање максималната висина на облакодерите. Од друга страна, тоа ги потикнува архитектите и дизајнерите да бидат креативни и да изнаоѓаат чудни решенија за да ги заобиколат правилата.

Дизајнерскиот тим на Оiio Studio има обратен план: Наместо да ги заобиколува правилата за да го изгради највисокиот облакодер во светот, тие планираат да го изградат најдолгиот.

The Big Bend е амбициозен проект на облакодер превиткан во форма на „U“ наопаку, кој ако биде спроведен според планираното, ќе стане еден од најпрестижните облакодери во Менхетн, ама и во светот. Иако за престижот останува да се види, другиот аспект е сигурен – Big Bend ќе биде најдолгата кула, надминувајќи ја во вкупна должина и Бурџ Калифа (829.8 метри) во Дубаи – ќе биде долга 1219.2 метри (4.000 стапки).

Можеби најинтересниот дел е лифтот. Оiio сметаат дека го имаат решението за лифт што ќе се движи и хоризонтално и вертикално, во loop-ови, поврзувајќи ги двете окна со хоризонтално, со што лифтот ќе ја следи формата на кулата.

Нема официјален датум кога би започнала изградбата.

- Реклама -