Google и Waymo го тужат Uber поради украдена технологија

Google и ќерка компанијата на гиганти Waymo го тужат Uber поради украдена технологија за автономно движење на автомобили, која била изнесена од поранешен вработен на Waymo.

Скандалот тргна од Waymo, каде случајно дошле до технологијата на Uber, која била идентична на онаа развиена од компанијата. Барањето на Waymo е поднесено пред неколку дена, а во него се објаснува дека поранешниот службеник на Google, Ентони Левандовски ископирал 14.000 датотеки од Лидер системот, поврзани со оваа технологија, шест недели пред да ја напушти компанијата. Тоа се случило кон крајот на јануари 2016 година. Откако ја напуштил Google, Левандовски основал сопствена компанија за создавање на камиони со автопилоти, наречена Otto, а подоцна компанијата е купена од Uber.

„Веруваме дека овие активности се дел од планот, чија цел е да се украдат индустриски тајни и интелектуална сопственост на Waymo”, се вели во обвинението.

Од Uber објаснија дека да не се донесуваат никави заклучоци однапред на оваа тема по овие обвиненија, а тие сериозно и ќе направат проверка на фактите.

Лидар системот на Waymo е најголемата гордост на компанијата која ја претстави официјално на саемот во Детроит, во јануари. Технологијата е развиена од специјалистите на Waymo и ги намалува за 90% трошоците поврзани со системот за автономно движење.

Левандовски влезе во светот на автономијата во 2004 година, кога поднесе сопствен мотор со систем за автономно движење, наречен Ghostrider. Во 2007 година тој почнува со работа за Google, како дел од проектот Street View, а потоа се префрла во тимот за создавање на автономен автомобил на интернет гигантот.

Автоплус

- Реклама -