Кратка приказна за туѓото мислење

СПОДЕЛЕТЕ

Татко и син купиле коњ. Другиот ден тргнале некаде, поминувајќи низ селото.

Таткото рекол:

– Сине, качи се ти на коњот, јас ќе поодам.

Кога ги виделе, селаните рекле:

– Види каков син! Татко му оди пеш, а тој – на коњ!

Другиот ден таткото се качил на коњот, а синот одел пеш. Селаните рекле:

– Каков татко е овој? Детето му оди пеш, а тој јава!

Третиот ден и двајцата се качиле на коњот. Селаните рекле:

– Па овие немаат милост! Ќе го умрат животното!

Четвртиот ден и двајцата тргнале пешки, водејќи го коњот до нив. А селаните рекле:

– Хахаха, какви глупаци! Коњ имаат, а пешки одат!

Следниот ден, додека синот и таткото се мислеле како да направат, коњот умрел.

Таткото му рекол на синот:

– Ете, синко, што се случува ако слушаш што зборуваат луѓето.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ