Како Дизни ги прилагодува анимираните филмови за странска публика

СПОДЕЛЕТЕ

Пушти им го во Франција „Up“ и покажи им ја книгата на Ели на која пишува My Adventure Book. Многу од нив нема да разберат. Затоа Дизни ја менува корицата на книгата во Mon Livre D’Aventure.

Но измени не се прават само заради јазичните бариери, туку и заради културните разлики.

Во Inside Out има сцена додека Рајли е уште мала и ја хранат со варена брокула, а таа се мршти. Ама во Јапонија децата генерално сакаат варена брокула. Така, Disney ја менува брокулата во зелена пиперка.

Или кога таткото на Рајли одлетува со мислите на вечерниот меч, во американската верзија тој замислува натпревар во хокеј. Во интернационалната верзија, пак, наместо хокеј има фудбал, бидејќи фудбалот е многу попопуларен од хокејот, за разлика од Америка.

- Реклама -