ВИДЕО: Политичарка демонстрира ставање на кондом со уста

52-годишната Диона Ангијано е многу вешта жена. Освен што е мексиканска политичарка, шефица на областа Изтапалапа, и член на Партијата за демократска револуција во Мексико – поседува и друг вид вештини. И се обиде да ги пренесе и на идните генерации.

Така, на час, пред ученици, демонстрираше како се става кондом, ама без раце, туку со уста. Учениците ја снимаа со мобилни и ја поставија на интернет.

Нормално, снимката предизвика многу коментари и критики. Ангијано тврди дека презентацијата ја направила со намера да ги увери младите во Мексико, особено женските, дека е страшно важно да се користи заштита при односите. Вели дека не очекувала критики од надредените и родителите на децата, кои во голем број присуствуваа и на самата демонстрација. А критиките ги има во голем број.

- Реклама -