Ако менталните болести и нарушувања беа архитектура

Федерико Бабина објави проект наречен Archiatric, во кој претставува 16 различни ментални нарушувања преку различни архитектонски илустрации на куќа во фаза на поправка. Дизајните се прилично апстрактни, но лесно се препознава агонијата на секоја од менталните болести.

Бабина е познат по своите дела инспирирани од архитектурата, но и по уникатниот геометриски стил, кој несомнено позајмува од кубизмот.

- Реклама -