Краток владин анти-ЛСД хорор филм од 1969 година

СПОДЕЛЕТЕ

Во доцните 1960-ти, компанијата Lockheed Corporation (денес Lockheed Martin) – добавувач на владата на САД, која инаку се бавеше со воени летала, воена опрема, воена технологија, и општо со одбраната и безбедноста на земјата, направи голем исчекор и спонзорираше серија од кратки филмови. Секој од нив ги обработуваше опасностите од некоја од опасните дроги.

Приложениов е „Case Study: LSD“. Во овие три и нешто минути, млада жена го документира својот ЛСД трип. Раскажува дека ЛСД прв пат пробала на 18 години на приватна забава, каде што бил и еден нејзин другар од школо. Тој ѝ понудува да „дропне“ есид, а таа – љубопитна, ама и веќе „надувана“, се согласува.

„Седев таму, и чекав, и чекав, и ништо не се случуваше…“

Тогаш стануваат и одат да купат хот-дог. Сé е нормално, барем до моментот кога девојката тргнува да го гризне сендвичот. Одеднаш, хот-догот почнува да вреска…

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ