Бесплатни нешта на Интернет што треба да ги ѕирнете

СПОДЕЛЕТЕ

Колку и да го користиме за глупости, интернетот е сé уште извонредно место каде што можете да најдете многу корисни нешта. И тоа бесплатни.

1. Бесплатни факултетски курсеви 

На www.class-central.com ќе најдете стотици онлајн курсеви од типот на Харвард, Стенфорд, и MIT, освен што нема да плаќате партиципација. Тоа значи дека можете да се едуцирате на предмети како Молекуларна биологија, Напредни оперативни системи, или Подемот на суперхероите и нивниот импакт врз поп-културата. Тоа е целата информација што ви треба за да станете целосно функционален возрасен во денешната глобална економија, без кредити за образование.

2. Самоуништувачки Е-mail адреси

Со 10minutemail.com, можете да креирате екстремно привремени и-мејл адреси кои автоматски се самоуништуваат за 10 минути. Тоа ви дозволува да се зачлените на сајтови, листи и понуди, без да смислувате лажни имиња и нови пасворди без сé тоа да го запамтите, и без овие безначајниве мејлови да ви се мотаат во главата со оние важните. Сајтов е и супер за заканувачки мејлови до познати и непознати лица. Ама стварно не е убаво така да правите.

3Амбиентални звуци за секоја пригода 

Ако едноставно не можете да работите/спиете/водите љубов без некаков вид на удобен звук во позадина што ќе ви ги милува ушните тапанчиња, A Soft Murmur го има тоа што ви треба. Располага со сите класични амбиентални звуци, ама и со чудната опција да пуштите неколку од нив истовремено.

Можете да ги проверите и https://calmyleon.com & https://mynoise.net.

4. Слободен (читај бесплатен) пристап до мега-библиотека од документарци 

Документарците доживуваат бум во поново време, во голем дел благодарение на Netflix, ама па и не можете сто пати да го гледате Man on Wire (2009), на пример. Со documentaryheaven.com, имате пристап до бескрајно море од документарци на секоја тема.

5. Исплачи се на нечие рамо (гага психолози)

На секого понекогаш му треба разговор, а обично немате пари или време за да посетувате психолог или друг вид професионалец. Добредојдовте во 7cups.com – комплетно бесплатен начин да се поврзете во живо со некој што ќе ве сослуша, притоа со куп бесплатни опции за советување. Плус, сé е анонимно, па не морате да се грижите дека вашите тајни некако ќе се најдат во јавност. Исто така, можете и вие да волонтирате да ги сослушувате и советувате другите.

6. Автоматски известувања или акции за сé за што ви е грижа на интернет 

ifttt.com: If This, Then That e еден од оние сајтови што еден ден ќе направи бум. Штом се логирате, можете да креирате таканаречен „рецепт“, програмирајќи аларм/нотификација или акција што ќе се огласи/изврши кога и да се поклопат две поврзани нешта на интернет. На пример, можете автоматски да направите сликите што ги ставате на Фејсбук веднаш да бидат префрлени до безбеден Dropbox, или да ви стигнува мејл секогаш кога некој од локалните информативни портали ќе спомне „мачка“, „бричење“ или *пополни по желба*. Навистина, можностите се неограничени.

7. Олд-скул видео игри

На nesbox emulator ќе се вратите на некои од најдрагите детски спомени, кога се собиравте пред телевизорот со браќата/сестрите/другарите и се расправавте за џојстикот или кој да биде player 1. Овде ќе најдете SNES, NES и SEGA емулатор, и ќе се вратите на старите добри денови кога ваш беше рекордот и бевте најдобриот играч.

8. Фонтови… Многу фонтови… Секакви фонтови…

Обично да го најдете фонтот што ви е потребен не е голем проблем. Но тоа е затоа што не знаете до кои височини се разви дизајнот на фонтови во последниве години. На losttype.com ќе најдете многу изненадувања. Со психоактивни билборд сетови и фанки суперфлај стиловите, очите ќе ви се ококорат пред магичниот свет на спектакуларните фонтови, сите бесплатни и со можност да ги користите за што сакате.

9. Фото-едитирање со Pixlr

Ако Фотошоп ви е преголем залак, а нивото на познавање ви е малку повеќе од обичниот Paint, апликацијата за фото-едитирање Pixlr и тоа како ќе ви заврши работа. Достапна е и за компјутер и за смартфон, по цена од апсолутна нула. Да, го нема степенот на опции што ги има Фотошоп, но е совршена за Инстаграмџии со аматерско-до-средно-познавање на областа.

10. Помогни да се нахрани светот

Ова последново е идеално за оние моменти кога сакате нешто да му подарите на светот, а не само да искористите. Со Freerice можете да ги вежбате вијугите и да помогнете да ги нахраните гладните, без да потрошите ни денар. Сајтот ве соочува со низа прашања, од предмети како англиски, математика, географија, хемија… и за секој точен одговор, World Food Programme донира 10 зрна ориз за хуманитарни цели на глобално ниво. Тривијалност, ама што може да направи разлика.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ