Католичка црква: 3.066 сексуално злоставени деца во последниве 35 години

СПОДЕЛЕТЕ

Австралиската католичка црква плати вкупно 213 милиони долари (276 милиони австралиски долари) отштета за жртвите кои биле сексуално злоставувани, од 1980-та година па до 2015-та година.

Сумата е платена и ќе биде поделена меѓу 3.066 од 4.445-те пријавени случаи, наведува Кралската комисија за институционален одговор на сексуалното злоставување на деца. Комисијата е формирана во 2013-та година, а притоа се бори и против злоставувањето и во неверските организации.

Во сумата е вклучена самата отштета, но и трошоците за разните третмани на кои биле изложени жртвите, како и правните и другите трошоци, потврдува Гејл Фарнс, адвокатот на Комисијата.

„Искуството на комисијата вели дека многу жртви се плашат да пријават злоставување до властите, како и до институциите во кои се случило кривичното дело“, додава таа.

Според неа, вкупниот број на случаи со сексуално злоставување на деца, за кои се виновни свештениците на Католичката црква, веројатно е значително поголем. Некои од жртвите, вели таа, злоставување пријавиле дури по 33 години.

На почетокот на месецот, Комисијата утврди дека 7% од австралиските свештеници учествувале во сексуалното злоставување на деца, во периодот од 1950 до 2010-та година.

Во тек се уште повеќе од 740 тужби.

И сè ова само во Австралија.

- Реклама -