На аеродром во Индија: Шверцувал 2 кила злато во анусот

Цариниците на индискиот аеродром Hiderabad уапсиле еден маж од Сингапур зашто им се видело дека „чудно оди“. Кога му го претресле багажот, му нашле 800 грама нелегално злато.

Потоа го однеле и Сингапурецот лично на дополнителен претрес на рентген, а таму имало што да видат. Типот во анусот носел 12 златни прачки, тешки околу два килограми. Тој веднаш признал дека ги ставил „таму“ непосредно пред летот, кој траел 4.5 часа (!), за да ги прошверцува.

„Овој тип очигледно е експерт за ваков начин на шверц. Искрено, никој нормален не би можел да оди со толку злато скриено во ректумот. (Тој) Рече дека го вежбал ваквиот начин на криумчарење и одење со таков товар. А за да успее во тоа, не смеел да јаде ниту да пие вода, што неговава работа ја прави уште потешка“, објасни еден од цариниците.

Инаку, златото во Индија е многу поскапо отколку во Сингапур, а законот дозволува внесување на количина до 800 грама, ама стриктно во облик на накит.

- Реклама -