National Geographic: 10 нешта што треба да ги направиш во Македонија

„Македонија можеби е едно од најфасцинантните, а за кое најмалку се пишува, места во светот“, пишува National Geographic во воведот на својот текст посветен на, според нив, топ 10-те природни и историски богатства на Македонија.

„Модерна Македонија е мешавина од персиски, грчки, римски, отомански, српски и советски шмек“, продолжува Ејвери Стонич, авторот на текстот. „Пријателите поминуваат долго време над своите кафиња во отворените кафулиња, додека гласниот словенски џагор се извива меѓу чадот од цигарите и ѕвонливите чашки со ракија. Заоблените куполи на православните христијански цркви го делат небото со минарињата на муслиманските џамии, карпестите планини се надвиснуваат над тивките села, а одблесоците на бистрите езера ја шараат руралната дивина“…

Стонич пишува за шарскиот врв Љуботен – од каде што истовремено се гледаат и Косово и Македонија, па за Милениумскиот Крст на Водно, Калето, Камениот Мост и Старата чаршија на Скопје, при што го споменува и плоштадот, како „уникатна мешавина од архитектонски стилови“. Пишува и за Горна Слатинска Пештера, Матка, националниот парк во Маврово, нуркање (во историјата) во Охрид, па за Крушево и Пелагонија (каде што во 2016-та се одржа Европско првенство во параглајдинг), за Шарената џамија во Тетово, за бурекот, ајварот и шопската, како и за веќе спомнатите седенки на кафе.

Повеќе прочитајте во оригиналниот текст, кој можете да го најдете ТУКА.

- Реклама -